Фудбал
Версаљко го напушта Интер
Ако може да му се верува на она што го пишуваат италијанските медиуми, Шиме Врсаљко веќе во јануари бо можел да го напушти Интер.
Овој репрезентативец на Хрватска на „Меаца“ стигна во летото како позајмен играч на Атлетико, а како што пренесува „Rai Uno“ челниците на Интер се откажаа од него и би го вратиле во шпанскиот клуб.
Причината за тоа се хроничните повреди на коленото, поради кои пропушти неколку натпревари во изминатава полу сезона, а Италијаните веќе започнаа да нагодуваат каде Врсаљко би можел да ја продолжи кариерата.
Наводно челниците на Атлетико сакаат да го продадат Врсаљко (или да го дадат на позајмица) во редовите на конкурентот на Интер, Наполи, за во своите редови да го донесат Елсеид Хејсај, 24-годишниот бек на Наполи.
Врсаљко кај Анчелоти сосема сигурно би добил шанса, доколку го реши проблемот со повредите, додека очигледно дека Спалети не смета премногу на неговите услуги, како ни Симеоне.
Во оваа сезона Врсаљко за Интер одигра 10 првенствени натпревари и притоа два пати асистираше за гол.