Connect with us

Други спортови

Верстапен еден ден ќе биде шампион во Формула 1

Шефот на Мерцедес, Тото Волф верува дека Холанѓанецот Макс Верстапен еден ден ќе биде светски шампион во Формула 1, откако пилотот на Ред Бул на последната трка имаше незгодна случка со еден од пулените на „сребрената стрела“, Естебан Окон.

Окон, кој вози за Форс Индија, тим кој се смета за „братски“ со Мерцедес, се обиде да го помине Верстапен, кој го имаше минато за цел круг во финишот на Бразилското ГП, по што имаа контакт и Холанѓанецот ја загуби позицијата, препуштајќи му победа на светскиот шампион Луис Хамилтон. И покрај ова, Волф вели дека 21-годишниот Верстапен од оваа лекција ќе излезе посилен.

  • Можете да забележите како се формира еден светски шампион, со неверојатен талент и брзина. Мислам дека кога ќе ги израмни некои работи ќе биде светски шампион. Знам дека има свој ум околу инцидентот со Окон, но тие работи не може да се убрзуваат, тоа е процес на учење, вели Волф.

Сезоната во Формула 1 завршува викендов со трката за Големата награда на Абу Даби, а шампион повторно е пилотот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон, кој пред неколку трки ја потврди титулата.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com