Connect with us

Други спортови

Верстапен ја освои Големата награда на Емилија-Ромања

Published

on

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на втората трка во шампионатот во Формула 1 возена попладнево за Гран при на Емилија-Ромања во Имола.

Второто место му припадна на возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон. Трет беше Ландо Норис од Мекларен.

Бодови уште освоија: Шарл Леклер и Карлос Саинц  од Ферари, Даниел Рикардо од Мекларен, Ленс Строл од Астон Мартин, Пјер Гасли од АлфаТаури, Кими Раиконен од Алфа Ромео и Естебан Окон од Алпин.

По две трки, во Генералниот поредок води Хамилтон со 44 бода, пред Верстапен со 43.

Facebook