Други спортови
Верстапен заработува 18 милиони евра повеќе од Хамилтон
Макс Верстапен, актуелниот шампион во Формула 1, е убедливо најплатениот возач во најбрзиот цирлф.
Во 2023 година само од договорот асот на Ред Бул треба да инкасира околу 51 милион евра. Ниту еден од другите возачи не е ни блиску до таа бројка.
Второто место го зазема Луис Хамилтон, кој од Мерцедес ќе добие 33 милиони евра. Договорот на седумкратниот светски шампион истекува оваа година, но се очекува тој да потпише нов под уште поповолни услови иако има 38 години.
Шарл Леклер, возачот на Ферари е на третата позиција со речиси 23 милиони евра, а четвртиот е асот на Мекларен Ландо Норис со 18 милиони евра.
Најмалку пари ќе заработи Логан Сарџент, новиот возач на Вилијамс, кој за оваа сезона ќе добие нешто повеќе од милион евра.
Новата сезона на Формула 1 започнува на 5 март со трката во Бахреин.