Connect with us

Други спортови

Верстапен: Знаев дека мојата серија ќе заврши

Макс Верстапен не победи во Сингапур, а не победи ниту другиот Ред Бул. Тоа е првпат по 14 трки Формула 1 да има победник од друг тим. Макс вели дека знаел дека ќе дојде овој ден и не му пречи.

Карлос Саинс направи голем резултат во Азија. Ја освои пол-позицијата и успеа да слави на Големата награда на Сингапур и со тоа ја прекина големата серија на Ред Бул. Воедно, тоа беше низата на Макс Ферсатпен, кој заврши на првото место во десет последователни трки.

Холанѓанецот навистина предупреди дека патеката во Сингапур не му одговара на Ред Бул, а своето искуство во квалификациите го опиша како шокантно. Тој заврши на петтото место во неделата.

„Знаев дека овој ден ќе дојде за мене, така што јас сум апсолутно добро со тоа. Сè треба да биде совршено. Сите секогаш зборуваат за тоа колку сме доминантни и колку ни е лесно. Но, никогаш не е лесно. Има многу детали кои треба да ги исправиме и овој викенд покажа дека не ги направивме работите како што треба и тогаш ова ви се случува“, изјави Верстапен.

Тимскиот шеф Кристијан Хорнер изјави дека ова е незамисливо достигнување. Ред Бул имаше 15 последователни победи.

„Никогаш не го очекувавме тоа. Има уште осум трки. Ми поставувате прашања уште од Џеда, а тоа дека имаме 15 последователни победи не ни беше ни во најлудата имагинација“.

Advertisement