Connect with us

Фудбал

Верувале или не – Приказната за Реал и Мбапе повторно актуелна, од 400.000.000 до бесконечност

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид не му ја затворил целосно вратата на Килијан Мбапе и обратно, пренесува „Атлетик“.

Шпанскиот новинар Марио Кортахења утринава носи приказна која е нова во однос на изминатиот период, особено затоа што се знаеше како двете страни се разделија во преговорите и како Килијан Мбапе го „издаде“ Флорентино Перез.

И покрај сето ова, Мбапе и Реал останаа во контакт, пренесува „Атлетик“, а оваа сага продолжува.

За потсетување, Килијан Мбапе, по потпишувањето на новиот договор со Пари Сен Жермен летово, имаше неколку испади и изрази на незадоволство, како на теренот, така и надвор од него и дека Реал будно го следи секој негов потег. Французинот сакаше тимот да биде што посилен за да се бори за Лигата на шампионите. Тој сакаше клучна улога во сето тоа… Тој беше незадоволен од неговата улога на теренот, особено од одлуката на Кристоф Галтие да го задржи централно наместо лево, со повеќе од топката во неговите нозе. Имаше некои гестови кои не беа соодветни и неговиот говор на телото јасно укажуваше на неговото незадоволство во одредени моменти.

Сето тоа се детали за кои се смета дека постепено го оддалечуваат играчот од клубот, особено ако се знае дека тој бил подготвен да се пресели на „Бернабе“, но во неговото останување во Париз учествувало политичко влијание, неговата мајка, парите и други работи. .

„Единствениот клуб што може да го извлече одовде е Реал Мадрид. Можеме да поставиме цена од 400.000.000 евра или едноставно да не поставиме никаква цена и нека биде произволно“, изјави за „Атлетик“ анонимен извор од ПСЖ.

Нема гаранции за оваа приказна. Малку е веројатно дека ќе се случи оваа година, но ако се случи и секогаш кога Килијан одлучи да се пресели од Париз, Реал повторно ќе биде таму.