Поранешниот играч на Барселона и Арсенал, а денес член на Селта Виго, се налути на написите со весниците.
Новинарите на „Дејли меил“ објавија дека крадците наводно провалиле во домот на Луис Суарез за време на новогодишната ноќ, но дека останаа со големо ништо, бидејќи фудбалерот навреме ги сокрил сите скапоцености кој беа во неговиот дом.
Така, крадците останаа лишени од скапи работи, па грабежот беше целосно неуспешен, а островските портали го претставија на многу грд начин, исмејувајќи го Суарез бидејки „добро се подготви за напад од крадци“.
Насловите на британските таблоиди гласат: „Шок! Крадците провалија во куќата на Денис Суарез и беа разочарани!“
Играчот од средниот ред сега одговори и ги повика новинарите на Твитер: „Какво новинарство е ова? Срамота. Покажи барем малку почит“.