Connect with us

Фудбал

Вест Хем започна преговори за Габигол

Вест Хем започна преговори за купување на напаѓачот на Фламенго, Габриел Барбоса, наречен Габигол, пренесува Sky Sports.

Според изворот, 25-годишниот Бразилец има интерес кариерата да ја продолжи во лондонскиот клуб. Фудбалерот почна да ги следи натпреварите на „чеканите“ и е импресиониран од работата на менаџерот Дејвид Мојс.

Оваа сезона Барбоса одигра 41 натпревар за Фламенго, постигна 29 гола и даде 9 асистенции. Порталот Transfermarkt.com неговите права ги проценува на 26 милиони евра.

Реклама

Facebook

Реклама