Кошарка
Вестерман повторно во Жалгирис
Францускиот кошаркар Лео Вестерман по една сезона помината во ЦСКА Москва се врати во Жалгирис, објави литванскиот шампион.
26-годишниот плејмејкер потпиша договор на една плус една сезона.
Минатата сезона во дресот на рускиот првак, Вестерман во Евролигата имаше просек од 4,6 поени, 1,9 асистенции и 1,7 скока по натпревар.
Во својата кариера има играно и за Партизан, Лимож, АСВЕЛ. Со француската репрезентација го освои бронзениот медал на Европското првенство во 2015 година.