Connect with us

Други спортови

Ветер во грбот на Верстапен пред новата трка!

Макс Верстапен е лидер во поредокот на возачи и до крајот на сезоната ќе има голема борба со Луис Хамилтон.

Формула 1 продолжува претстојниот викенд со Големата награда на Франција, а неколку дена пред трката Верстапен доби ветер во грбот.

Имено, Хонда подготви нов мотор за Ред Бул и Алфа Таури, што е одлична вест за младиот Холанѓанец.

За очекување е дека новиот мотор ќе има малку поголема моќ од претходниот, што дефинитивно ќе му користи на Верстапен.

Инаку, Ред Бул и Алфа Таури ќе се обидат да ги користат старите мотори на слободен тренинг во петок, а новите мотори би се користеле во сабота и недела на трката.