Кошарка
Везенков го предводи Олимпијакос во грчкото дерби од Евролигата
Олимпијакос го пречекува Панатинаикос во грчкото дерби од Евролигата. Интересната пресметка започнува во 21:00 часот и ќе се пренесува во живо на MAX Sport 2.
Фаворит на натпреварот е Олимпијакос кој е на третото место во поредокот. Тимот во кој блеска Бугаринот Александар Везенков со победа на гостувањето кај Жалгирис во последното коло им се врати на победите.
Панатинаикос е на дното на табелата со само 6 победи во 22 натпревари.