Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: 11-те најдобри според Торес изгледаат како тимот од соништата

Пред неколку дена Фернандо Торес го прослави својот 36-ти роденден. Ел Нино претходно ги обеси копачките, а многумина го паметат како еден од најдобрите напаѓачи на неговата генерација.

Во својата кариера играше за Атлетико Мадрид, Ливерпул, Челзи, а едно време беше член на Милан. Тој со години го носеше дресот на Шпанија и со тоа играше со најдобрите играчи на светот.

За официјалниот сајт на Ливерпул, Торес направи идеален состав од 11 играчите со кои ја дели соблекувалната за време на неговата кариера, одлучувајќи се за формација 3-4-3.

Тоа е исклучително силен тим кој дефинитивно би изгледал како тим од соништата со оглед дека има звучни имиња на сите позиции.

Легендарниот Шпанец го постави Јан Облак на голот, додека одбрамското трио го сочинуваат Карлес Пујол, Диего Годин и Џон Тери.

Во средниот ред би играле Хавиер Маскерано, Чаби Алонсо, Стивен Џерард, Чави Хернадез, додека Торес покрај себе во напад ги стави Андрес Иниеста и Давид Вила.