Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: 27 години од црниот 1-ви мај, денот кога сите плачеа за еден од најголемите

Поминаа точно 27 години, од црниот 1-ви мај 1994-та година. Тогаш плачеа сите љубители на брзиот спорт, автомобилизмот, а посебно Формула 1. Плачеа и оние кои не беа љубители на овој спорт. На тој ден загина еден од најголемите возачи во Формула 1, Аиртон Сена. Трикратниот светски шампион загина во несреќа за време на трката за Големата награда на Сан Марино на 1 мај 1994-та година.

Бразилецот со брзина од 300 километри на час на патеката „Енцо и Дино Ферари“ во Имола се заби во заштитниот ѕид на кобниот свиок Тамбурело. Иако загина млад, Аиртон Сена живееше доволно долго за да стане еден од најголемите возачи во историјата на авто мото спортот.