Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: 37-годишен голман стана комплекс на „терминаторот“ Ерлинг Халанд

Ајакс во вторникот вечерта ја совлада Борусија Дортмунд со високи 4:0 и со максимални 9 бодови е лидер во групата, откако претходно славеше и против Бешикташ со 2:0 и против Спортинг Лисабон со 1:5.

На мечот со Борусија Дортмунд, се чини дека голема заслуга за победата имаше и 37-годишниот чувар на мрежата Ремко Пасвер. Тој имаше неколку фантастични интервенции, а беше човекот кој не му дозволи на Ерлинг Халанд да постигне гол.

Имено, прецизните статистичари пресметале дека Халанд имал три директни удари кон противничкиот гол, или три добри шанси, а сите три со одлични интервенции ги одбранил 37-годишниот голман. Воедно тој станал првиот и единствениот голман кој успеал да одбрани три директни удари на Ерлинг Халанд во еден меч.

 

 

Реклама

Facebook

Реклама