Фудбал
ВИДЕО: Агуеро неможеше да се совземе, плачеше на прес конференцијата на која соопшти дека мора да се пензионира
Неколку недели се шпекулираше каква одлука ќе донесе славниот Аргентинец, а на крајот очекувано реши – се пензионираше.
Серхио Кун Агуеро одржа проштална прес-конференција на „Ноу Камп“ во друштво на претседателот на Барселона Жоан Лапорта.
Солзи, воздишки, поддршка, аплаузи… Со ова накратко може да се опише, она што се случуваше во фудбалскиот храм.
“Ова е многу тежок момент за мене. Решив да престанам да играм фудбал. Моето здравје е на прво место. Знаете за проблемот што го имам. Одлуката ја донесов пред десетина дена.., изјави Агуеро.
— FC Barcelona (@FCBarcelona) December 15, 2021
„Уште од својата петта година сонував да играм во прва лига, никогаш не мислев дека ќе стигнам во Европа. Ти благодарам Индепендиенте, ти благодарам Атлетико што се обложи на мене на 18 години, благодарам на луѓето во Манчестер Сити и благодарам на Барселона. Еден од најголемите клубови во светот. Благодарност на репрезентацијата на Аргентина, која најмногу ја сакам, изјави Агуеро.
Агуеро плачеше неколку минути, особено беше кога на големото платно беше прикажано видео посветено на неговата кариера.
Агуеро пред извесно време на еден фудбалски меч мораше да ја напушти играта откако имаше болки во градите и се покажа дека има проблеми со дишењето. Поради тоа, предвреме носи одлука за пензионирање.