Тајмаут
ВИДЕО: Агуеро покажа како ги поминува првите денови во фудбалската пензија
Серхио Агуеро минатата недела официјално ја заврши својата играчка кариера.
Поради здравствени проблеми, аргентинскиот напаѓач на крајот беше принуден да се збогува од играњето фудбал, што му беше многу тешко.
Агуеро имал проблеми со срцето и добил совет од доктор да се повлече од фудбалот на кој и се покорил, а минатата недела и официјално тоа го откри на прес-конференција.
Тој летово пристигна во Барселона и имаше двегодишен договор, а секако очекуваше да одигра уште многу натпревари за каталонскиот клуб, но судбината сакаше поинаку.
Откако и официјално го објави крајот на кариерата, тој реши да отпатува во Аргентина со својата девојка Софија, каде моментално е со семејството и очигледно ужива на одморот.
Агуеро преку социјалните мрежи покажа дека ужива во друштвото на своето семејство, но и дека е мајстор кога е во прашање скарата.

Тој со својата девојка посети и неколку интересни локации во Буенос Аирес, а ова е прв пат да дојде во Аргентина на подолг одмор, па нема притисок и обврски кон ниту еден клуб.