Фудбал
ВИДЕО: Алиоски и Лидс ги изненадија „Лисиците“
Нова добра партија на Лидс, но и нова добра партија на нашиот Џани Алиоски. Со 3:1 славеа на супер тешкото гостување кај Лестер, кој е трет на табелата и беше фаворит на овој меч.
Популарниот „Лисици“ поведоа со голот на Барнс во 13-та минута, но нивната радост кусо траеше бидејќи Далас две минути подоцна израмни. На 2:0 зголеми Бамфорд во 70-та минута, а точка на мечот стави Харисон во 84-та. Лестер остана трет со 39 бодови, Лидс е на 12-то место со десет бодови помалку. Нашиот Алиоски го одигра целиот меч.