Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Алиоски и Лидс немоќни кај Тотенхем и Мурињо

Убедлив пораз од 3:0 забележа Лидс на гостувањето кај Тотенхем. Нашиот репрезентативец Езџан Алиоски играше до 64-та минута, а практично со пеналот кој го направи во 29-та минута, им овозможи на домаќините полесен тек на мечот. Хари Кејн го претвори пеналот во гол, а потоа Сон и Алдервеирлед погодија за убедлив триумф.