Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Арсенал рутински против Шефилд, на моменти потсети на старите добри времиња

Екипата на Арсенал како гостин рутински со убедливи 3:0 славеше на гостувањето кај Шефилд. Лаказет два пати и Мартинели погодија за нов триумф. Ова е прва победа по пауза од четири меча во сите конкуренции за „Топџиите“. Особено убав беше првиот гол на Лаказет во 33-тата минута на кој му претходеше прекрасна течна акција во која учествуваа неколку фудбалери. Со оваа акција само на момент Арсенал потсети на старите добри времиња кога „газеа“ низ Англија.

Сепак, далеку е Арсенал од оној стариот, но и од врвот на табелата. Во моментов има 45 бодови што е доволно само за ниското деветто место.