Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Арсенал се разиграл, го „торпедираше“ противникот

Се чини дека Арсенал полека наликува на оној стариот. Во последните пет меча имаат четири победи, а денешната беше убедлива од 5:0 на гостувањето кај Норич, со што му донесе четврто место на табелата и 35 бодови. Дека тимот на Артета игра добро покажува и податокот кој вели дека на овие четири меча постигнаа 14 голови, а примиле само еден.

Сити секако е далеку на првото место, но доколку продолжи вака, Арсенал сигурно во следната сезона ќе го гледаме во Лигата на шампионите.

Сака беше стрелец на два гола, а по еден постигнаа Тирни, Лаказет и Смит Роу.

Резултати Премиер лига 19.коло

Манчестер Сити – Лестер 6:3

Норич – Арсенал 0:5

Тотенхем – Кристал Палас 3:0

Вест Хем – Саутемптон 2:3

Асон Вила – Челзи (18:30)

Брајтон – Бренфорд (21:00)

Одложени поради коронавирус се мечевите: Ливерпул-Лидс, Вулверхемптон-Ватфорд и Барнли – Евертон.