Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Арсенал се врати во победнички ритам, богатите Арапи не го „разбудија“ Њукасл

„Топчиите“ беа во одлична серија до последното коло, кога претрпеа тежок пораз од Ливерпул на „Енфилд“ (4:0), но денеска се вратија на победничките патеки, додека Њукасл остана закован на дното.

Немаше голови во првите 45 минути од дуелот на „Емирати“, со тоа што Арсенал беше евидентно подобар тим на теренот и недостигаше малку среќа за „топчиите“ да дојдат до предност на паузата.

Сепак, постигнаа два гола и дојдоа до сигурна победа. Најпрвин Сака по една одлична акција погоди за 1:0 во 56. минута, а конечниот резултат го постави резервистот Мартинели во 66. минута по уште една одлична комбинација на Арсенал.

До крајот на натпреварот Арсенал мирно ја одржуваше стекнатата предност и на крајот освои нови вредни три бода.

Арсенал сега е петти на табелата со 23 бодови, а во следното коло игра против Манчестер Јунајтед, додека Њукасл, кој е на дното на табелата со само шест бодови, во дербито на дното ќе му гостува на Норич.