Фудбал
ВИДЕО: Атлетико Мадрид даваше голови, Пике и Бускетс се расправаа на теренот, нов пораз на Барселона
Барселона забележа уште еден пораз, овој пат на гостувањето кај Атлетико Мадрид во дербито на колото со 2:0. Лемар и Суарез беа стрелци на головите во првиот дел во кој Барселона немаше ниту еден шут во рамките од голот на домаќинот.
Во вториот дел, нешто подобра игра, но никако не можеа да го најдат патот до мрежата на противникот.
Дека во Барселона работите навистина не се како што треба покажува и видеото во кое се гледа како Бускетс и Пике се караат на теренот додека домашните фудбалери слават гол.
Pique and Busquets got into it after they conceded ? pic.twitter.com/bQA90DfKKF
— ESPN FC (@ESPNFC) October 2, 2021
Атлетико Мадрид со оваа победа стигна до 17 бодови, исто колку и Реал Мадрид на првото место, но „Кралевите“ имаат меч помалку. Барселона е на деветото место.