Фудбал
ВИДЕО: Атрактивната водителка Дилета Леота приреди пријатно изненадување на ѕвезда на Интер
Младата ѕвезда на Интер, Николо Барела полека прераснува во еден од најдобрите играчи за врска во Италија. Како што претходно неколку пати изјавил, неговиот идол е Дејан Станковиќ, поранешен фудбалер токму на Интер.
Па поради тоа атрактивната водителка Дилета Леота одлучи да му приреди пријатно изненадување на Барела кој гостуваше во нејзината емисија. Таа го убедила Дејан Станковиќ да сними видео порака за младиот Барела.
-Одличен си, вистински лидер на теренот и напредуваш од ден во ден. Ти благодарам на прекрасните зборови и ти честитам. Продолжи така, порача Станковиќ меѓуостанатото.
Dejan #Stankovic & Nicolò #Barella ❤️ pic.twitter.com/LDBvQ5IgJI
— Alessandro (@90ordnasselA) January 15, 2021