Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Баерн Минхен со пет офанзивни играчи едвај извлече реми

Салцбург на домашен терен го пречека Баерн во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, а на крајот натпреварот заврши 1:1.

Баварскиот великан во овој меч влезе како голем фаворит. Јулијан Нагелсман стартуваше со дури пет напаѓачи (офанзивци), но на крајот германскиот шампион стигна до израмнување дури во 90. минута.

Домашните поведоа во 21. минута. Само 10 минути откако влезе во игра наместо повредениот Окафор, Чиквубуике Адам постигна гол за предност на Салцбург од 1-0.

Никој не претпоставуваше дека овој резултат ќе трае до 90. минута. Имаше шанси и обиди на двете страни, но немаше прецизност.

Иако Нагелсман имаше пет офанзивни играчи во тимот, му недостигаше играч од средниот ред за да игра за тимот, па нападите на Баерн честопати беа без фантазија.

Интересно е и тоа што тренерот на Баерн првата замена ја направи во 77. минута. Ниту тогаш не се откажа од играта со пет офанзивци, а офанзивата вроди со плод во 90. минута.

Кингсли Коман погоди за 1:1 и Баерн може да биде среќен што остана непоразен во Австрија.

Баерн сепак повторно ги разочара своите навивачи. Тимот игра многу лошо во последно време и Нагелсман ги добива првите критики.