Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Барди одлично центрираше, Леванте поведе, а потоа следуваше потоп, останаа „заковани“ на дното

Екипата на Леванте загуби на гостувањето кај Реал Бетис со убедливи 3:1 иако први го отворија резултатот. Во 7-та минута Енис Барди одлично изведе корнер, а Шкодран Мустафи најдобро се снајде во казнениот простор и стрелаше за 0:1. Сепак, во продолжението на мечот домаќините успеаја да постигнат три гола и да направат целосен пресврт. Играч на мечот секако беше Хуамни кој постигна хет-трик. Бетис е на четвртото место со 27 бодови, а Леванте е последен со само 7 освоени бодови.

Реклама

Facebook

Реклама