Фудбал
ВИДЕО: Барса на колена – Реал лидер во Примера по „Ел Класико“
Реал Мадрид слави во дербито против Барселона со 2-1 (2-0), во пресметката од 30. коло на шпанската Примера.
Ако Карим Бензема погоди спектакуларно со петица во 13-та минута за водство, сега Тони Крос од слободен удар во 27-та по слободен удар погоди во Дест, топката се одби во мрежата, а Жорди Алба не успеа да спречи гол.
Реал по овој втор гол погоди и една статива. И Барселона имаше статива во самата завршница од полувремето, Меси беше многу блиску да погоди директно од корнер.
После 15 минути игра во второто полувреме Барселона дојде до гол и тоа преку Оскар Мигуеза. Алба нафрли, а Мигуеза некако се снајде и ја смести топката во мрежата.
Со овој триумф Реал ја помина Барса на табелата и ноќта ќе ја помине на првото место, со ист број бодови како Атлетико, но со подобар биланс во меѓусебните дуели.