Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Барса неубедлива – Реал разигран, но без „муниција“

Долго очекуваното „Ел Класико“ вечерва помина досадно и не кај секој ги оправда очекувањата за овој натпревар. Иако Реал беше повеќе разигран до Барселона, сепак без муниција. Ова реми не донесе промена на табелата. И натаму првото место го делат со по 36 бода.

Во првото полувреме, Реал имаше сигурен погодок, но сантиметри беа во прашање па Пике успеа од гол линијата да ја спаси таа топка.

Првата сериозна шанса во второто полувреме ја имаше току Велшанецот, кој биеше во свој стил, од прва и силно со левата нога, но само во надворешниот дел од мрежата на каталонскиот гол.

До крајот беше постигнат еден погодок, но истиот оправдано беше поништен од судијата Ернандез Ернандез.

Ова е прво реми без голови на „Ел Класико“ натпреварот по 2011 година, кога во финалето на Копа дел Реј, Барселона и Реал одиграа без голови по 90 минути игра.