Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Барселона многу лесно се откажа од Суерез, дали Уругваецот го носи Атлетико Мадрид кон титула?!

Атлетико Мадрид славеше со 2:1 на гостувањето кај Еибар и со тоа уште повеќе се зацврсти на лидерската позиција. Сега тимот на Диего Симеоне има 44 бодови, седум повеќе од Реал Мадрид, а 10 од Барселона. Стрелец на двата гола беше Луис Суарез од кои едниот од пенал. Атлетико Мадрид до победата дојде преку пресврт бидејќи домашниот тим преку голманот Димитровиќ поведе со 1:0 од пенал.

Инаку, Луис Суарез на почетокот на оваа сезона од Барселона пристигна во Атлетико Мадрид откако новиот тренер Роналд Куман се откажа од неговите услуги. Се чини дека е направена голема грешка бидејќи Уругваецот заедно со Лионел Меси се најдобри стрелци во Лигата со по 11 постигнати голови.

Standings provided by SofaScore LiveScore