Фудбал
ВИДЕО: Барселона со пресврт славеше против Билбао, а 18-годишник блескаше во дресот на Каталонците
Барселона со пресврт славеше со 3:2 на гостувањето кај Атлетик Билбао. Домаќините поведоа со голот на Вилијамс во 3-тата минута, но потоа на сцена стапи 18-годишниот Педри. Прво постигна гол за израмнување, а потоа со прекрасна асистенција му овозможи гол на Лионел Меси. Во 62-та Аргентинецот постигна гол за 3:1. Во 90-тата минута Муниан само го ублажи поразот.
Со оваа победа Барселона се искачи на третото место на табелата со 31 бод, пет помалку од Реал Мадрид,а седум од Атлетико Мадрид.
Standings provided by SofaScore LiveScore