Фудбал
ВИДЕО: Беше најдобриот во светот, освои се што можеше да се освои, а на мечевите доаѓаше со метро!
Славата и парите менуваат многумина, но има и такви спортисти кои остануваат скромни. Еден од нив е и Икер Касиљас. Легендарниот голман кој со Реал Мадрид освои се што можеше да се освои, а неколку пати беше прогласуван за најдобар голман во светот. Со Шпанија освои и Светско и Европско првенство.
Сепак, својот начин на живот никогаш не го промени. Гостувајќи во една емисија тој раскажуваше за неговиот живот. Особено кога дошол во Реал Мадрид како „голобрадо“ момче кое на мечевите доаѓал со метро. Две децении подоцна токму во таа емисија се присети како изгледало сето тоа.
Поради проблемите со срцето 39-годишниот легендарен голман пред неколку месеци ја заврши својата кариера. Сега во Реал ја има функцијата заменик директор на фондацијата.