Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Бизарно оправдување на Клоп за грешките на голманот Алисон

Манчестер Сити синоќа на „Енфилд“ го порази Ливерпул со 4:1. Со ова „сините“ си го отворија патот до титулата првак на Англија. По 17 години, Сити за прв пат славеше на „Енфилд“.

Еден од главните виновници е голманот на Ливерпул, Алисон кој два пати направи кардинални грешки. Сепак, Јурген Клоп по мечот бараше оправдувања за својата екипа и голманот.

-Јасно е дека Алисон погреши, но јас не го обвинувам. Можеби му било студено, можеби нозете му биле здрвени. Сето тоа е дел од фудбалот. Милион пат не спасил досега. Не можеме да го осудуваме поради неколку грешки, иако тие го решија мечот, изјави Клоп.