Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Бразилец се пожали на лузните по мечот со Еквадор, како да и објаснам на сопругата сега?!

Бразил и Еквадор одиграа 1:1 во квалификациите за пласман на СП. По мечот, Бразилецот, Матеус Куња на социјалните мрежи се пожали на лузните кои ги добил по еден старт со противничкиот голман.

Натпреварот го одбележаа два гола, но и четири црвени картони од кои два беа поништени со ВАР-технологијата, но во 15. минута се случи можеби најопасниот старт на дуелот.

Домаќините останаа без голманот Домингез, и тоа оправдано, откако тој жестоко со нога удри во вратот на Куња, а дека одлуката на судијата е добра покажуваат и фотографиите на социјалните мрежи. Тој дури и на шега напиша дека сега ќе има проблем да и објасни на сопругата како ги добил овие лузни на вратот.