Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Чави претставен на „Камп Ноу“, време е за нова ера!

Барселона го претстави новиот тренер. Легендарниот Чави се враќа на „Камп Ноу“ но сега во улога на шеф на стручниот штаб. Голема трага остави како играч, освои се што можеше да се освои, неговото име со златни букви ќе остане запишано во овој клуб. Сега е време за нова ера, негова тренерска, а дали ќе успее да го врати сјајот на клубот останува да се види.

– Целиот мој живот сакав предизвици и ова е голем за мене, но ќе се обидам да одговорам максимално. Благодарен сум за поддршката. Се надевам дека ќе им вратам на навивачите на вистински начин. За мене е предност тоа што ги познавам Бускетс, Пике, Алба и останатите. Сепак, тие знаат дека нема да има попуст кон никого, порача Чави.