Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Челзи се мачеше!

Екипата на Челзи се мачеше на гостувањето кај Фулам, но сепак на крајот славеше со 1:0. Беа подобар тим, имаа подобри шанси, но ни Фулам не беше лош противник. Сепак, на крајот може да се каже дека сами се виновни за поразот. Прво домаќинот остана со играч помалку. Робинсон е исклучен во 44-та поради жесток старт врз Азпиликуета и така направи голем проблем на својот тим.

Потоа, не ги искористија „подароците“ на лошата одбрана на Челзи, а лошо реагираа и во неколку добри ситуации, па казната стигна во 78-та минута кога Мејсон Маунт погоди за 1:0.

Челзи е на 8-та позиција, а Фулам на 18-тата.

Голот на Маунт можете да го видите на следниот ЛИНК.