Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Дали Лукаку е трагичарот на годината, спречи можеби чист гол на Интер и пласман во следната рунда?!

Интер се посрамоти сезонава во ЛШ. Заврши на последното место во групата со само една победа и вкупно шест бодови. На синоќешниот меч му беше потребен само еден гол, победа, за да се пласира во нокаут фазата. Доцна се разигра тимот на Антонио Конте, имаше неколку шанси, но се чини дека трагичар на годината е Ромелу Лукаку, кој е херој на многу мечеви во изминатиот период.

Имено, во последните моменти од мечот, по корнерот на Ериксен, Алексис Санчез одлично биеше со глава, беше многу блиску до голот, но на патот на топката кон мрежата се најде Ромелу Лукаку. Топката заврши во неговата глава.

Според многу анализи, во оваа ситуација топката одеше во мрежата, а со оглед на близината и брзината на движењето, голманот на Шахтјор ќе немаше време успешно да интервенира.