Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Дали судијата погреши, имаше ли прекршок врз Санчез пред првиот гол на Милан?!

Дали судијата на мечот Интер-Милан погреши и дали „нероаѕурите“ се оштетени. Сигурно дека ова ќе се коментира и анализира, поточно контактот на Жиру со Санчез, по кој фудбалерот на Интер падна како покосен, ја загуби топката, а потоа во продолжението Милан го постигна првиот гол за 1:1.

Инаку, Милан победи во дербито против Интер со 2:1 и тоа преку пресврт. Херој на условно речено гостите на овој меч е Оливие Жиру. Тој постигна два гола во 74-та и 78-ма минута за пресврт и победа, откако Интер поведе во финишот на првото полувреме преку Перишиќ.