Фудбал
ВИДЕО: Дали Торино има нов крал? Влаховиќ погоди на дебито за Јувентус!
Неполни 15 минути беа доволни за одличниот српски напаѓач да постигне гол за „бјанконерите“.
Влаховиќ се закани во воведните минути од натпреварот, а голот се тресеше во 13. минута на асистенција на Паоло Дибала.
Дибала одигра додавање напред, а Влаховиќ излезе пред голманот на Верона.
Влаховиќ одлично се снајде и со лоб го измами Монтип.