ВИДЕО: „Десетка“ за другарство – Децата на Рома го освоија Скудетото, но никој за тоа не зборува

Ривалството помеѓу клубовите понекогаш е огромно, посебно во некои држави и градови, но некогаш тоа е само спорт и ништо повеќе од тоа.

Така фудбалерите на Рома до 15 години го освоија Скудетото победувајки ги врсниците од Милан, но после натпреварот ја запишаа најголемата победа. Онаа за човечноста.

Фудбалерите на Рома ми пријдоа на натажените играчи на Милан, па ги тешеа, наместо насмеани да трчаат по теренот и да слават.

Сигурно е дека ќе има време и простор за славење, но нема ништо поубаво от доа да го подигнеш ривалот од земја и да му помогниш да продолжи понатаму. Токму поради тоа, ваквиот потег на децата на Роам е поубава приказна и од освојувањето на Скудетото.

А ако ги споиме квалитетот и карактерот, нема сомнеж дека исходот ќе бидат успешни фудбалски кариери и бројни трофеи.