Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Дибала постигна спектакуларен гол за Рома

Во последниот натпревар од шестото коло Рома гостува кај Емполи и успеа да поведе во 18. минута.

Пауло Дибала упати „проектил“ од околу 20 метри и постигна еврогол за Римјаните кои рано го скршија отпорот на домаќините.

„Волчицата“ имаше два порази во низа и затоа и е многу важно да победи вечерва.

Ова беше трет гол на Дибали за Рома оваа сезона во Серија А, а ќе потсетиме дека потпиша како слободен играч откако претходно го напушти Јувентус.

Сепак Емполи успеа да се врати во натпреварот во 43. минута кога Бандинели ја затресе мрежата за 1:1.