Фудбал
ВИДЕО: Додека го претставуваа Азар, навивачите на Реал скандираа име на друг фудбалер
Реал Мадрид во досегашниот преоден рок потроши 303 милиони евра за ангажман на пет нови фудбалери.
Сонот на Еден Азар се исполни. Одличниот Белгиец конечно стана играч на Реал Мадрид.
Откако „Кралевите“ минатата недела во официјализираа трансферот вреден 100 милиони евра Азар вчера официјално беше претставен на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
На култниот мадридски стадион пристигнаа околу 50 илјади навивачи кој во наредните недели очекуваат уште засилувања.
Додека Азар беше претставуван, група на навивачи скандираа име на друг фудбалер, односно бараат да го донесат Килијан Мбапе.
MI AFICIÓN, FICHAMOS A HAZARD Y…
¡¡QUEREMOS A MBAPPE!! pic.twitter.com/sqLOSZyeBL— NachoRM (@Nacho_RM_) June 13, 2019
„Го сакаме Мбапе, го сакаме Мбапе…“, скандираа навивачите на Реал Мадрид кои присуствуваа на претставувањето на Белгианецот
Покрај Азар членови на Реал се и Лука Јовиќ, Едер Милитао, Ферланд Менди и Родриго. Дали и Мбапе ќе тргне по нивните стапки ке дознаеме во периодот кој ни претстои.
Кога беше претставувањето на Јовиќ, Флорентино Перез порача дека Реал „силно ќе реагира“ и токму таа изјава направи навивачите на „Кралевите“ да сонуваа за француската ѕвезда.
Инаку, Реал во досегашниот дел од преодниот рок го сруши сопствениот рекорд по потрошувачка од 2009. година кога за Кристијано Роналдо, Кака, Карим Бензема и Џаби Алонсо потрошиа 254 милиони евра.