Фудбал
ВИДЕО: Драма на Емирати – испуштена златна победа, Арсенал се спаси од пораз против Фулам во 97.минута
Малку фалеше Арсенал да доживее пораз од Фулам на кој му се потребни бодови за опстанок. Арсенал одигра само 1-1 против Фулам во рамки на 32.коло во Премиерлигата.
„Топчиите“ извлекоа реми (1-1) благодарение на голот на Нкетиах во седмата минута од судиското продолжение.
Фулам со пет кола без победа останува во опасната зона, на 18-тото место. Арсенал е деветти со 46 освоени бода. Во следната рунда Фулам игра со Челзи на гостински терен, додека Арсенал е домаќин на Евертон.