Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Драма во Бахреин: Хамилтон најбрз на отворањето на новата сезона во Формула 1

Хамилтон на Мерцедес денеска е победник на првата трка сезонава во Формула 1 шампионатот за Големата награда на Бахреин.

Второто место му припадна на Макс Верстапен од Ред Бул, а трет беше Валтери Ботас од Мерцедес.

Пласман на првите 10:

Луис Хамилтон (Велика Британија, Мерцедес) 1:32:03.897 часа

Макс Верстапен (Холандија, Ред Бул) – 0.745 заостаток

Валтери Ботас (Финска, Мерцедес) – 37.383

Ландо Норис (Велика Британија, Мекларен) – 46.466

Серхио Перез (Мексико, Ред Бул) – 52.047

Шарл Леклер (Монако, Ферари) – 59.090

Даниел Рикиардо (Австралија, Мекларен) – 1:06.004

Карлос Саинц (Шпанија, Ферари) – 1:07.100

Јуки Цунода (Јапонија, АлфаТаури) – 1:25.692

Ленс Строл (Канада, Астон Мартин) – 1:26.713.

Драматично беше до самиот крај, Ферстапен уште еднаш се обиде да го престигне големиот ривал во последниот круг, но не успеа во намерата и Хамилтон најави атак на уште една шампионска титула.