Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Дрогба се уште е играчиште – Постигна фантастичен гол од слободен удар

Дидиер Дрогба и на 40 години ги совладува голманите, па така и голманот на Портланд Тимберс долго ќе го памети.

Тимот на Дрогба Феникс Рајзинг синоќа го совлада Портланд Тимберс со 3:0 во осмина финалето од плеј-офот на американската УСЛ (втор ранк на фудбал во САД).

Феникс стигна до водство во 28. минута од натпреварот преку Дрогба кој беше прецизен од слободен удар.

Поранешниот фудбалер на Челзи и Марсеј испрати топовски удар од околу 25 метри, а иако голманот беше на топката, ништо не можеше да направи за да ја спречи „бомбата“ на Дрогба.