Кошарка
ВИДЕО: Дрскоста на Ирвинг не помина без добра казна
Во првиот натпревар од плејофот на Источната конференција, Бостон Селтикс го совлада Бруклин Нетс со 115-114 со феноменалните поени на Тејтум во последните секунди и поведе во серијата со 1:0.
Натпреварот во ТД Гарден беше голема борба, а беше доста жешко на трибините каде што домашните навивачи им дадоа гласна поддршка на кошаркарите на Бостон, а тоа очигледно не му се допадна Кајри Ирвинг.
По едно скандирање и викање на домашната публика, Ирвинг ги загуби нервите и покажа среден прст кон публиката и упати неколку пцовки.
The behind the head middle fingers by Kyrie to the crowd was slick. pic.twitter.com/J0rqdh9U51
— Barstool Sports (@barstoolsports) April 17, 2022
Раководството на НБА веднаш реагираше и за овој потег го казни Ирвинг со 50.000 долари.
Секако, ваквото однесување не е соодветно за една кошаркарска спортска ѕвезда, но очигледно не знаел како да се справи со притисокот на гостинскиот терен и публиката.