Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Два пресврта, пет голови, Емполи го намачи Интер, а голот на Ранокија е за насловните страници

Гледавме одличен натпревар меѓу Интер и Емполи во осминафиналето од Купот на Италија. Интер поведе во 13. минута преку Алексис Санчез, кој осум минути претходно го замени повредениот Кореа.

Во 21. и 29. минута Интер имаше можност да го зголеми водството преку Дамфрис и Мартинез, но тоа не се случи и на полувреме се замина со минимална предност.

Интер во продолжение како да го потцени противникот, а тоа го искористија играчите на Емполи. Бајрами израмни во 62. минута.

Само дванаесет минути подоцна беше досуден пенал за Емполи, но по прегледувањето на снимката од ВАР таа одлука беше поништена.

Сепак, Емполи прави пресврт. Кутроне дочека центаршут пред голот на Интер, шутираше со глава, ја погоди гредата, а топката се одби од голманот Раду и заврши во мрежата за 2:1.

Сепак, во 90. минута Интер стигна до продолжение. Един Џеко му ја испушта топката на Ранокија, кој со ножички ја испраќа топката зад грбот на Фурлан за 2:2.

Интер доаѓа до целосен пресврт пред крајот на првото продолжение. Притисокот на Интер вроди со плод, Ромањоли греши, Санчез додава до Сенси, кој со одличен удар и носи победа на својот тим.

Интер во следното коло ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Рома и Лече, а веќе се познати три четвртфинални двојки Јувентус – Сасуоло, Фиорентина – Аталанта и Милан – Лацио.