Фудбал
ВИДЕО: Двата преубави голови го обележаa натпреварот помеѓу Шпанија и Швајцарија
Фудбалерите на Шпанија ремизираа против Швајцарија во пријателскиот натпревар пред Светското првенство.
Добар натпревар одиграа и двете репрезентации, беа постигнати два одлични погодоци, по еден од двете страни.
Шпанците први стигнаа до водство кога во 29 минути, Алваро Одриозола постигна прекрасен гол за водство на Шпанија од 1:0.
Шпанија имаше уште неколку шанси во првата половина, но на полувреме заминаа со минимално водство.
Швајцарците играа малку подобро во второто полувреме, а во 62. минута стигнаа до изедначување. Рикардо Родригез го постигна голот за изедначување на резултатот на 1:1.