Фудбал
ВИДЕО: Двојникот на Лука Модриќ
Во една од емисиите „El Dia Despues“ на телевизијата Мовистар, во студиото се појави двојникот на Модриќ по име Раул Перез.
Перез прво објасни како многумина мешаат со други популарни познати личности како пејачот Дејвид Гета или актерот Овен Вилсон.
Кога почна да го имитира Модриќ, се пошегува на сметка на играчот од средниот ред и неговиот стил на игра со надворешниот дел од копачките.
За да ја насмее публиката, тој измислил шега за замислена девојка на хрватскиот фудбалер, која ја нарекол „Териор“, односно го отстранил префиксот „екс“ од шпанскиот збор „Екстерирор“, што значи „надворешен дел“.