Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Един Џеко избран за играч на сезоната во Рома

Един Џеко зад себе има уште една одлична сезона во дресот на Рома, за кој постигна 24 гола во сите натпреварувања.

Рома оваа сезона беше најголемото изненадување во Лигата на шампионите, кога успеа да стигне до полуфиналето. 

Обожавателите на Рома го избраа Џек за најдобар играч на овој клуб во изминатата сезона, а напаѓачот добил над 50% од гласовите. Зад него беше голманот Алисон, а на трето место беше капитенот Даниеле де Роси.