Тајмаут
ВИДЕО: Експлицитни фотографии и видеа од млада фудбалска судијка од Италија кружат на интернет, таа одлучи да си ја олесни душата
Италијанската фудбалска судијка од Пескара, Дијана Ди Мео (22) била жртва на сајбер малтретирање, а на Инстаграм решила да раскаже се и да си ја „олесни“ душата.
22-годишната судија претежно во пониските лиги, а во последно време младата и многу згодна девојката доживува вистински кошмар.
На интернет веќе извесно време кружат неколку нејзини видеа и фотографии со експлицитна содржина, за кои таа тврди дека не ги испратила никому и изјавила дека била жртва на сајбер малтретирање, односно дека и бил „пробиен“ мобилниот телефон и на тој начин земена содржина што ја чувала само за себе.
Сепак, Дијана ја раскажа приказната на Инстаграм, каде има 74.000 следбеници, и им се заблагодари на сите за моралната поддршка во овој тежок период.
-Две недели страдање, но сега дишам. Не знам кој ги шири моите приватни видеа, мислам дека телефонот ми е хакиран, дека тој материјал го добиле со помош на виртуелната меморија на мојот телефон. Имаше муабети, луѓе испраќаат еден до друг, на крајот исто така заврши на страницата OnlyFans. Можеби некаде го оставив мобилниот без надзор, што беше доволно некој да ми го претвори животот во пекол“, признала Дијана.