Фудбал
ВИДЕО: Елиф Елмас пред патувањето во Ерменија-Одиме на победа!
Македонската репрезентација се подготвува за последните два квалификациски меча за пласман на СП во Катар. Првиот е на гости кај Ерменија, а потоа дома против Исланд. Пред патувањето во Ереван, еден од најдобрите наши репрезентативци Елиф Елмас порача дека против Ерменија одат на победа.
-Во Ерменија одиме да победиме. Иако не зависи се од нас, сеуште имаме шанса за второто место и тоа треба да го бркаме до крај. Да бидеме паметни и со многу жар во играта, изјави Елиф Елмас.